ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради технички причини, се откажува првата трка по скали  Cevahir Tower Run, која беше планирана да се одржи на 20 ноември 2022 година во висококатниците на Скај Сити.

Cevahir Tower Run се роди како соработка помеѓу АК Работнички и Cevahir Sky City, по пример на популарните трки по скали во светските метрополи, како што се трката во Ајфеловата кула во Париз и Емпаер Стејт Билдинг во Њу Јорк, а со цел овој вид на спортска дисциплина да ја донесеме и во Македонија.  

Ние како организатори Ве информираме дека првата трка по скали во Македонија ќе се одржи во подобри времиња кога сите фактори за одржување ќе бидат во согласност со засегнатите страни.

АК Работнички како организатор на трката Ви благодари на искажаниот интерес на сите кои се пријавивте да бидете дел од првата трка по скали Cevahir Tower Run под мотото „Освој го врвот на Џевахир кулите“. Дополнително ги известуваме сите пријавени учесници дека средствата уплатени за котизација за учество на трката на сите учесници ќе им бидат целосно рефундирани.

За повеќе информации околу начинот на рефундирање ве молиме обратете се на info@cevahirtowerrun.com

Ви благодариме на разбирањето.